fbpx

ЛП: „Дуинг бизнис” се потпира на законските решенија, не на суштинските спроведувања

-

Комисијата за економија и за финансии при Либералната партија го поздравува успехот со рангирањето на високото 12. место на Македонија во извештајот на Светската банка, „Дуинг бизнис“ (Doing Business). Оттаму сметаат дека поедноставувањето на процедурите за отворање фирма и измените во некои закони поволно влијае на деловната клима во Македонија.

Но, како што велат во нивната реакција до медиумите, во извештајот на Светската банка се земени предвид само десет параметри според кои се прават рангирања на земјите, меѓу кои: почнување бизнис, добивање струја, регистрација на имот, плаќање давачки, заштита на малцинските сопственици, меѓуграничен промет. Во овие сегменти Македонија покажува дека има напредок.

– Сепак, од ова рангирање полза нема да видат постојните бизниси ниту ќе се подобрат платите на вработените. Извештајот претежно се потпира на законските решенија во рангираната земја, но не ги зема предвид нивните суштински спроведувања. Ако се зема параметар за отворање бизнис, тогаш е потребно да се земе и параметар на затворање бизнис. Тука доаѓаат до израз субјективните мерки на владата во Македонија – се вели во дописот на ЛП.

Претседателот на комисијата за економија и финансиии при Либералната партија, Венко Глигоров, смета дека главните индикатори за влошената деловна клима се наведени во бројни извештаи за Македонија од релевантни институции: лошото судство, немањето слобода во медиумите, притисок кај фирмите со казни и со преземања, големиот буџет и неконтролираните трошења во несуштински работи.

– Извештајот дава само дел од сликата за македонската економија, на пример, само резултат од урината и од изметот. Ако на возрасен човек во извештајот му стои дека резултатите од урината и од изметот му се одлични, но затоа има серизона срцева мана, тешкотии со висок крвен притисок, парализиран е од колкови надолу, се лечи од депресија, а интелектуалниот капацитет му е на ниво од дете од 10 години. Се добива сосема поинаква и пореална слика за македонската економија – вели Глигоров.

Стопанствениците во Македонија, според ЛП, се жалат и на ненавремено плаќање на обврските на државата и на бавна постапка на враќање на ДДВ.

– Сè додека овие работи не ги подобриме, рангирањата на Македонија во „Дуинг бизнис“ ќе бидат неупотребливи за најголемиот дел од граѓаните и за фирмите – заклучуваат од ЛП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...