fbpx

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

-

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“.

– Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту еден поединец не е над законот и затоа постои поделбата на власта и затоа постојат институции и комисии за контрола – вели Оер, на прашањето како ги коментира опструкциите на повеќе институции на Специјалното јавно обвинителство.

Запрашана дали гледа доволна политичка посветеност од потписниците на Договорот од Пржино за имплементација на обврските, француската амбасадорка вели дека најважни партнери се самите потписници кои решително се заложиле да го спроведат договореното.

– Меѓународната заедница е, исто така, целосно посветена на нивно спроведување. Дали постои алтернатива? Гледате ли вие друг излез? Зад нас се веќе осум месеци напорни активности. Убедена сум дека работата врз избирачкиот список е од суштинско значење, а таа е веќе почната. Државната изборна комисија врши извонредна работа, која ја поздравувам – вели Оер.

Во врска со мигрантската криза, Оер вели дека на грчко-македонската граница „постои една специфична цел: да се спроведе 100 отсто идентификација, проверка и регистрација на лицата“, потоа справување со нелегалната трговија, за што е понудена помош за балканските земји за враќање на состојбата во нормала.

Според француската амбасадорка, решението за кризата мора да биде европско, да се одбрани шенген-системот и надворешните граници на Европска Унија.

– Во тој контекст, оваа седмица од Тулон ќе исплови француски воен брод за да учествува во операциите на Атлантската алијанса (НАТО) против нелегалната трговија во Егејско Море, како зона каде што поминуваат илјадници илегални мигранти – вели амбасадорката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...