fbpx

Лондон ги одби мигрантските квоти на ЕУ

-

Британија денеска соопшти дека нема да учествува во планот на ЕУ за разместување бегалци, користејќи квоти за секоја, велејќи дека наместо тоа своето внимание ќе го насочи кон борбата против трговијата со луѓе.

„Нема да учествуваме во каков било наметнат систем кој предвидува раселување и релокација“ соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работа.

Во соопштението се наведува дека Британија во својата историја повеќепати им понудила прибежиште на луѓе во неволја, но смета дека задолжителниот систем не е решение.

Европската комисија планира воведување задолжителни квоти што ќе осигураат товарот за примање мигранти еднакво да се распредели меѓу земјите во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...