fbpx

Локвенец: Граѓаните мора да бидат информирани дали има закани за безбедноста

-

Хари Локвенец, пратеник во Собранието и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агензијата за разузнавање, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека граѓаните мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани за безбедноста на државата.

Како што рече Локвенец, по изјавите на претседателот Ѓорге Иванов со кои тој предизвикал страв кај граѓаните, многу е важно тие да се чувствуваат безбедни.

– Ова е особено важно по шпекулациите и сеењето страв од Ѓорге Иванов. Затоа, денеска свикав седница на Комисијата за надзор над УБК и над АР во рамките на остварување на надлежностите на комисијата за контрола на работењето на овие две институции. Седницата беше закажана по иницијатива на пратениците од опозицијата, а за надлежните институции да дадат одговор дали постојат опасности и закани за безбедноста на граѓаните и на уставниот поредок на Република Македонија – рече Локвенец.

Претседателот на комисијата изјави дека од надлежните раководни лица од двете институции добиле одговор дека моментално нема никакви закани по безбедноста на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...