fbpx

Локален дожд и грмежи за велигденските празници

-

Во текот на велигденските празници во Македонија ќе дојде до влошување на времето, па за Велигден ќе има и краткотрајни поројни дождови со грмежи, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд во планинските подрачја. Температурата ќе се движи од 16 до 27 Целзиусови степени и ќе дува ветер, главно од западен правец, а во Повардарието ќе има ветер со југоисточен правец.

В сабота времето ќе биде главно умерено облачно, а попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи до 2 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 20 до 26 степени.

В недела минималната температура ќе биде во интервалот од 5 до 10 Целзиусови степени, а максималната од 17 до 23 степени. Времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со поројни врнежи и со грмежи. Вечерта ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, вели прогнозата на УХМР.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја в недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи и со грмежи. На места се очекува да наврнат и повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар.

В понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...