fbpx

„Лице в лице“ ја одбележува Неделата на продавачи на уличен печат

-

Продавачите на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, ќе бидат во фокусот на третото одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат која се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот.

Станува збор за годишен настан кој се одржува во првата недела од февруари, а целта е да се слави работата на продавачите на 114 улични списанија и весници од 35 земји од целиот свет и да се поттикне јавноста да размислува за предизвиците и за проблемите со кои што тие се соочуваат, како бездомништво, социјална исклученост, сиромаштија.

Активностите од Недела на продавачи на уличен печат се одвиваат во градовите во кои излегуваат улични изданија кои се членки на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.

„Лице в лице“ ќе ја одбележи оваа недела со повеќе активности во Скопје, Струга, Битола и во Охрид.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...