Лидија Димчевска назначена за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје


       
Скопје, 14 март, 2018 - 13:47 (META) 

Судијката Лидија Димчевска, е назначена за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, а досегашната претседателка Лилјана Шопова заминува в пензија.

Димчевска има 31 година судиски стаж.

Членовите на Судскиот совет на денешната седница исто така одлучиле новинарите да бидат отстранети кога ќе се зборува за извештајот за злоупотребите со АКМИС-от во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд, како и за иницијативата за разрешување на пет врховни судии меѓу кои и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, со чија одлука беше ослободен од притвор бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО.