fbpx

Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

-

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко, побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење.

Претседателот на Беса, Биљал Касами, порача дека граѓаните еднаш засекогаш треба да гласаат за нови политичари, кои нема да мислат за својот, туку за интересот на народот и на државата.

– Денеска рековме дека граѓаните треба да гласаат за редефинирање на оваа држава, редефинирање кое во никој случај нема да значи федерелизација на државата или некаква поделба на Македонија, туку редефинирање кое е во интерес на сите граѓани на Република Македонија, граѓани кои се автохтони и кои својата иднина ја гледаат во Македонија. Редефинирање на економскиот систем, кој ќе креира благосостојба на сите граѓани, а не само на една група луѓе, редефинирање на државниот систем кој не треба и нема да биде партизиран, нема да биде во служба на само една фамилија, редефинирање на фискалниост систем, кој ќе биде во служба на една реална децентрализација. Редефинирање на здравствениот систем, редефинирање на образовниот систем, а не институциите да бидат партиски штабови – истакна Касами.

Утре коалицијата Преродба со Беса ќе одржи митинг во Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...