fbpx

Лидерите на ЕУ договорија заеднички став за Турција

-

Челниците на 28 земји на првиот ден од самитот во Брисел договорија заеднички став, но не и текст на спогодбата што ќе ѝ ја понудат на Турција за решавање на бегалската криза.

Неколку челници на ЕУ, по завршувањето на првиот ден од самитот, на „Твитер“ објавија дека е постигнат заеднички став кој денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и холандскиот премиер Марк Рут ќе му го претстават на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Лидерите на 28 земји денеска ќе се обидат да го довршат начелниот договор постигнат минатата недела, според кој Турција би требало да ги прими сите мигранти што од нејзина територија ќе дојдат на грчките острови, како и тие кои се фатени во турските територијални води.

Турција на 7 март, на состанокот со челниците на ЕУ, постави серија барања кои ЕУ треба да ги исполни за да дојде до договор. Меѓу барањата се и дополнителните три милијарди евра помош за згрижување на сириските бегалци, покрај веќе ветените три милијарди евра од минатата година, како и укинување на визите за турските државјани од јуни и забрзување на пристапните преговори.

Договорот со Турција за ЕУ не е едноставен и е изложен на бројни критики. Противниците сметаат дека Брисел ѝ попушта на Анкара, која се служи со уцени за да добие што е можно повеќе, бидејќи знае дека без неа нема решение на бегалската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...