fbpx

ЛГБТИ-активисти ја погребаа МРТВ

-

Денеска, на последното протестно обраќање во рамки на „Неделата на гордоста“, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија побара целиот уреднички и раководен тим на МРТВ итно да си даде оставка и да ја ослободи МРТВ за да може да биде јавен сервис за сите граѓани. Дотогаш, велат дека оваа институција е мртва. Активистите симболично поставија и погребен венец пред зградата на телевизијата.

„МРТВ како јавен сервис има обврска да ги штити правата и да известува за правата на најмаргинализираните. Но, наместо тоа, МРТВ е пропагандна машинерија на врхушката на власт, во која послушните уредници подготвуваат нарачани прилози. МРТВ досега нема известено за ниту еден протест пред Основното јавно обвинителство, нема известено за ниту една Недела на гордоста, за ниту еден проблем на ЛГБТИ-заедницата, никогаш нема покането во емисија или побарано изјава од ЛГБТИ-активисти.

Активистите велат дека на нивно барање МРТВ да ја емитува „Македонија има љубов за сите“, кампања против насилство на ЛГБТИ-заедницата, од МРТВ добиле одговор дека тоа не е од јавен интерес.

„Дополнително на тоа, претстедателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, изјави дека интересот на една мала група, за која тој не смета дека ѝ се повредени „таканаречените права“ и која ја споредува со здружението на пчелари, не може да биде од интерес за другото население кое е мнозинство. Од друга страна, пак, преку националниот сервис се емитуваат владините кампањи за семејни вредности и за многудетни семејства, кампањата против абортус и верно се пренесуваа хомофобичните изјави на владините претставници. Со сето ова МРТВ е директен соучесник во ширењето шовинизам, мизогинија, хомофобија и трансфобија во нашата земја и затоа, сè додека тековниот уреднички и раководен тим не ја ослободи, ја прогласуваме оваа институција за мртва“, велат активистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...