fbpx

Левица: Нападот врз новинарите претставува напад на слободата на изразување

-

Левица денеска го осуди нападот на новинарската екипа на „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и оцени дека ваквиот напад претставува напад врз слободата на изразување и на јавно информирање.

– Бараме одговорност од полициските службеници кои потфрлија во одржувањето на јавниот ред и мир при протестот, но и од организаторите на протестот кои неуспешно ги отстраниле насилниците. Не смееме да го игнорираме фактот што на протестите неретко се забележуваат националистички извикувања и симболика, со што се делигитимира нивната декларативна заложба „За заедничка Македонија“ –  стои во соопштението.

Од Левица истакнуваат дека за кукавичкиот и вандалски напад врз новинарите мора да има одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...