fbpx

Левица: Апелациониот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

-

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски.

– Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка е престрога имајќи ги во предвид доказите со кои располага обвинителството и со оглед на фактот дека и Савески и Куновски немаат никакви прекршоци во минатото – изјави Бранимир Јовановиќ пред Основниот суд Скопје 1 пред почетокот на судењето на Савески и Куновски.

Јовановиќ рече дека според нивни информации, одлуката за куќен притвор е донесена под силни притисоци на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски и обвинителката Снежана Бундалевска.

– Според нас станува збор за политичка, а не за правна одлука. Ова е со цел да се заплашат демонстрантите и да се запрат протестите – рече Јовановиќ.

Тој вели дека ова се случува во ситуација кога се врши голем притисок врз демонстрантите, кога тие се повикуваат на информативни разговори во полиција, а синоќа беше приведен и еден од нив.

– Иако нашето правосудство е такво какво што е, ние сепак веруваме дека постојат судии со личен и професионален интегритет кои ги почитуваат законите и правдата. Се надеваме дека ќе донесат праведна пресуда – рече Јовановиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...