fbpx

Лекарската комора го осуди инцидентот во Клинички центар

-

Лекарската комора го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Директорот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, рече дека комората интензиво работи на подготвување нови закони со кои докторот би бил заштитен на работно место.

– Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани затоа што организациски не сум ги заштитил, нека кажат каде сме згрешиле и во што. Во последните две години интензивно работиме на донесување закон за доктори. Ние ќе инсистираме законот кој нашата комисија го подготвува, Министерството за здравство како интегрален текст да го прифати и да се изгласа – изјави Чакаларовски.

Тој смета дека е падната почитта на докторите во очите на граѓаните и дека се деградира нивната вредност. Според него, во последните неколку години се зачестени нападите на здравствените работници при што 1.500 доктори биле или изложени на навреди или им се заканувале или, пак, биле физички нападнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...