fbpx

„Лего“ – најмоќна марка на светот

-

Данската компанија „Лего“ (Lego), по падот на популарноста почнувајќи од 2000 година, повторно е меѓу најмоќните марки во светот, па во 2014 година од „Ферари“ (Ferrari) ја презеде лидерската позиција на листата со најдобрите марки во светот, објави истражувачката компанија „Бренд фајнанс“ (Brand Finance), пренесе „Денар“.

Авторите на студијата истакнуваат дека на популарноста на овој производител на играчки влијаел успехот од филмот „Големата авантура на Лего“ минатата година, кој придонесе и за угледот на марката, но и за резултатите од продажбата, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

Иако се истакна во поглед на лојалноста, препознатливоста и угледот на марката, „Лего“ од гледна точна на финансиската вредност на е на листата со 10 најмоќни фирми, додека „Ферари“ и понатаму на таа листа котира добро, со вредност од 4,7 милијарди евра во минатата година, односно за 18 проценти повеќе отколку во 2013 година.

Инаку, во листата за финансиски највредни компании во 2014 година предводат „Епл“, „Самсунг“ и „Гугл“, се вели во истражувањето.

Во категоријата на марки што забележале најбрз пораст, доминра „Твитер“. Неговата вредност е речиси тројно зголемена, на 4,4 милијарди долари, а следат актерите во секторот за нови технологии, како што е кинескиот „Баиду“ или американскиот „Фејсбук“ (+150 проценти).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...