fbpx

Леброн со трипл-дабл за победа на Кливленд

-

Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс, постигна 37 поени на натпреварот против Атланта, со што успеа по 75. пат во плејоф-натпреварите да постигне повеќе од 30 поени.

Со ова постигнување Џејмс се изедначи со кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Карим Абдул Џабар. Сепак, на врвот на листата на најпрецезни кошаркари во разигрувањата за шампионскиот прстен се Коби Брајант, кој 88 пати постигнал повеќе од 30 поени и Мајкл Џордан, кој тоа го направил 109 пати.

Во натпреварот против Атланта, Леброн го постигна неговиот дванаесети трипл-дабл во плејоф-натпреварите, со 37 поени, 18 скока и со 13 асистенции.

Сега тој се наоѓа на второто место, по рекордерот Меџик Џонсон, кој 30 пати реализирал трипл-дабл. Третото место го делат Лери Брд и Џејсон Кид, кои имаат по 11 такви постигнувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...