fbpx

Ле Пен: Јас не сум Шарли!

-

Жал ми, но јас не сум Шарли, изјави денеска основачот на француската десничарска партија Национален фронт, Жан Мари ле Пен, реагирајќи на нападот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица, вклучувајќи и осум новинари.

– Денес сите говорат „Јас сум Шарли“ и „Сите ние сме Шарли“. Жал ми е, но јас не сум Шарли – рече Ле Пен во видеоснимката објавена на неговата веб-страница.

Ле Пен изјави дека е потресен од смртта на 12 француски граѓани, но дека не се идентификува со идеологијата на неделникот.

– Нема да се борам да го одбранам духот на „Шарли“, анархистичко-троцкистичкиот дух кој се противи на политичкиот морал – рече Ле Пен, потсетувајќи дека сатиричниот неделник барал укинување на партијата Национален фронт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...