fbpx

ЛДП: За Македонија нема друга алтернатива освен Европската Унија

-

Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги закочи реформските процеси и интеграциските патишта кон ЕУ затоа што не ѝ одговараше развој на демократските процеси и ограничувањето на самоволното и на деспостското владеење, велат од Либерално-демократската партија.

„По добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, кога последен пат имавме демократска влада, по доаѓањето на ВМРО-ДМПНЕ на власт, нашата држава е заробена во кандидатски статус веќе 11 години. Денес, 60 години од заклучувањето на Римските спогодби, Либерално-демократската партија укажува дека за Македонија не постои друга алтернатива освен Европската Унија. Државата и сите субјекти имаат за надоместување огромен заостаток и многу работа за интензивно приклучување кон ЕУ“, велат од ЛДП.

Од ЛДП нагласуваат дека новата реформска влада ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...