fbpx

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

-

И оваа година се покажа апсурдноста на екстерното тестирање кое продолжува да претставува кошмар и за учениците и за родителите, како и за наставниците, велат од Либерално-демократската партија.

„Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното. Голем дел од пршањата се во насока на „труењето“ на децата со пропаганда на режимот. Екстерното тестирање, измислено од овој автократски режим, се користи како механизам за притисок на наставницте. Оценувањето е само мал дел од севкупниот ангажман и работа на наставниците. Стручната подготвеност, методите и техниките кои наставникот ги користи, односот со учениците, како и надградувањето воопшто не се земаат предвид и сè се сведува на сувопарно пресметување на разликата на оценките на наставникот и на оценките добиени на екстерно тестирање“, велат од ЛДП.

Партијата ветува дека, како дел од идната власт ќе го укинат екстерното тестирање и ќе воведат реформа со која ќе се унапреди образовен систем и чија главна цел ќе биде развојот на креативноста и иновативноста како кај учениците, така и кај наставниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...