fbpx

ЛДП: Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски „бум“

-

„Пропаднаа во вода лагите на Груевски дека од Македонија направил одлична бизнис-дестинација, со голем економски потенцијал и „сцена за светската бизнис-публика“. Затоа го повикуваме Груевски и неговиот инвестициски „дрим тим“ да дадат отчет пред македонските граѓани за нереализираниот ’инвестициски бум’“, порача ЛДП во реакција по вчера објавеното истражување на проектот „Призма“ на БИРН, кое покажа дека странските инвестиции се седум пати помали од износите најавени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Независните новинарски истражувања го разобличија и потврдија популизмот на владеjачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, која цели 10 години, предводена од Никола Груевски, ги лажеше и ги замајуваше граѓаните со „бум“ од странски инвестиции и нови работни места. Наспроти оваа вистина, власта потроши најмалку 200 милиони евра за привлекување странски капитал. Во изминативе 10 години од буџетот на Република Македонија се одвојуваа по 20 милиони евра годишно само на име и на сметка на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони. Ако се земе предвид дека за одредени странски инвестици се издвојуваа средства и од други институции, како фондовите за здравствено и за пензиско осигурување, општините, јавните претпријатија и други, јасно се потврдува дека најавената економската преродба на ВМРО-ДПМНЕ ја чини Македонија повеќе отколку што добила за возврат“, реагира ЛДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...