fbpx

Лавров: Разговорот помеѓу Трамп и Путин значи дека двајцата се почитуваат

-

Првиот разговор помеѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, помина добро на политичко и на лично ниво, бидејќи покажува заемна почит помеѓу двајцата лидери и желба за соработка, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Според него, овој телефонски разговор покажал дека во низа области им се совпаѓаат интересите на нивните земји.

Тој додаде дека треба да биде усогласена временската рамка за понатамошни контакти на двајцата претседатели.

Лавров оцени дека контактите помеѓу стручњаците помеѓу Русија и САД, првенствено во борбата против тероризмот, треба да станат редовни штом Трамп ќе го формира кабинетот.

По разговорот помеѓу Трамп и Путин, Белата куќа соопшти дека тој бил позитивен и го означува „почетокот на подобрени односи помеѓу САД и Русија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...