fbpx

Лавров: Москва сака мирно решение на конфликтот

-

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со државниот секретар на САД, Џон Кери, изјавил дека Москва е подготвена да направи сè што може за да ја охрабри спротиставената страна на истокот на Украина да пронајдат мирно решение за конфликтот.

„Лавров ја истакнал подготвеноста на Русија да напраи сè во своја моќ за да се пронајде мировно решение во конфликтот“, соопшти руското министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се додава дека вистински резултат може да се постигне само со директен дијалог помеѓу Донецк и Луганск, што Киев го избегнува.
Во телефонскиот разговор, Кери предложил проширување на групата на меѓународни преговарачи кои би помогнале во дијалогот меѓу Киев и проруските сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...