fbpx

Латас и неговите браќа не се чувствуваат виновни за „Тревник“

-

Обвинетите во случајот „Тревник“ на СЈО, Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не чувствуваат виновни за бесправната градба на три објекти во Зелениково.

Според обвинението, тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

На минатото рочиште на обвинетите, на нивно барање, им беа доставени транскриптите од аудио разговорите по кои се води обвинението.

На денешната расправа требаше да бидат преслушувани снимените разговори но, на барање на одбраната тоа беше одложено со цел тие да ги издвојат снимките за кои ќе бараат исклучување на јавноста.

Судијката Марија Клетничка рече дека на следното рочиште на 4 јули Судот ќе одлучи кои разговорите ќе се пуштаат, а до тогаш обвинетите треба да достават барање кои „бомби“ сметаат дека не треба да ги слушне јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...