fbpx

Латас и Јанакиески денеска на судења за „Тотал“ и „Топлик“

-

Во Основниот суд денеска треба да се одржат две рочишта од случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тоа се предметите „Топлик“ и „Тотал“, во кои обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот главен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас.

Минатото рочиште за  „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда. Во „Топлик“ осомничени се Јанакиески и уште пет лица, кои се товарат за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште, односно за комплексот Сончев Град.

Во Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи и главна расправа за предметот „Тотал“, во кој е Латас, а се товари за затајување данок.

Според обвинението, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра. Поради отсуство на Павловиќ-Латас, минатото рочиште беше одложено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...