fbpx

Лани во Грција отишла „Македонија и пол“ и потрошила ѓавол и пол

-

Според штотуку објавените бројки на грчкиот Завод за статистика, лани во Грција влегле 2,7 милиони посетители од Македонија. Тоа е зголемување за 26,1 отсто од 2014 година, односно за околу 600.000 посети.

Во периодот од јануари до септември 2015 година, од Македонија во Грција влегле 2.712.295 посетители, во споредба со 2.151.751 посетители во 2014 година.

Најголем број од Македонците патуваат во Грција со автомобил, односно минатата година во државата со автомобил влегле 2.712.295 туристи. Најмалку се користи авионски превоз, односно со авион пристигнале само 262 туристи од Македонија, преку железнички пат 2.276 посетители, а по воден пат – 2.707 македонски државјани.

Ако се има предвид и ако може да му се верува на податокот на Грчката туристичка федерација дека во 2012 година за 12 месеци Македонците оставиле 550 милиони евра, и тенденцијата на зголемување од 26 отсто, излегува дека лани кај соседот сме оставиле фантастични речиси една милијарда евра, што е една третина од македонскиот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...