fbpx

Лајчак: Не можете да бидете сигурни дека ќе се примени Договорот од Пржино

-

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, во интервју за „Мета“ оцени дека не постојат гаранции дека Договорот од Пржино ќе биде имплементиран и додаде дека неговото неспроведување ќе значи коцкање со европската перспектива на граѓаните.

  • Кои се механизмите за гаранција дека договорот од Пржино ќе биде спроведен и почитуван?

– Не можете да бидете сигурни дека договорот ќе биде имплементиран. Страните кои потпишаа треба да се осигураат дека ќе биде имплементиран, а договорот е прилично специфичен околу тоа што треба да биде сторено и кога. Тоа што сакаме да го видиме е имплементацијата, почнувајќи со првиот чекор како што предвидува договорот. Ова е договор кој треба да биде имплементиран во име на европската иднина за вашата земја. Ова не смее да биде договор кој едната страна го користи против другата политичка партија, бидејќи во тој случај ќе пропадне. Се надеваме, и го ставивме тоа јасно на знаење со комесарот Хан, дека очекуваме целосна имплементација на овој договор во доверба и добра волја за добробит на сите луѓе во вашата држава.

  • Дали сте уверени дека пораката е разбрана?

– Па, уверен сум дека е пренесена и се надевам дека беше јасно разбрана и, што е најважно, дека ќе биде разбрана од сите страни, политички лидери и партии во вашата земја.

  • А, ако не се почитува?

– Тогаш треба да разберат дека си играат со европската перспектива на луѓето. Вие заслужувате европска перспектива, гледате дека остатокот од регионот напредува, мислам дека ова треба да ги алармира сите што се одговорни за перспективата и за иднината на вашата земја.

  • Дали ќе се искористи оваа влада на национално единство за да се реши барем прашањето за името?

– Сакаме да видиме напредок во спорот за името. Разбираме колку е важно ова прашање. Има механизам, се почитува тој механизам, односно процесот кој се одвива во ОН, и ги повикуваме двете страни да го искористат овој механизам, да бидат конструктивни и во дух на компромис да пронајдат решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...