fbpx

Лагард повикува да се заврши неизвесноста околу Брексит во интерес на економијата

-

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска повика да се заврши неизвесноста по гласање на Британците за излегување од ЕУ, бидејќи тоа го забавува светскиот економски пораст.

– Наша препорака е оваа неизвесност околу Брексит што побргу да заврши за да ги знаеме условите за тргување и начините на кои Обединетото Кралство ќе продолжи да дејствува во рамките на глобалната економија – изјави Лагард на прес-конференција по состанокот со лидерите на Светска банка, Светската трговска организација и други институции.

Лагард истакна дека ММФ пред референдумот во Велика Британија се подготвувал да ја зголеми проценката за глобален пораст од 0,1 отсто како резултат на подобрување на економијата во Јапонија, Кина и во еврозоната.

– За жал, Обединетото Кралство одлучи да гласа за Брексит. Тоа е разочарувачки – додала Лагард.

ММФ неделава ја намали прогнозата за светскиот економски пораст поради неизвесноста од Брексит.

Во најновата прогноза се предвидува дека светската економија ќе се зголеми за 3,1 отсто во 2016 година и за 3,4 проценти во 2017 година што е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април.

Во Кина за викендов ќе се соберат министрите за финансии и гувернери на 20 индустриски најразвиени земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...