fbpx

Лага е дека странски инвеститори си заминуваат од Македонија, реагира СДСМ

-

Лага е дека странски инвеститори планираат да заминат од земјава, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Нереформираната ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски упорно шири лажни вести. Вистината е дека Владата предводена од СДСМ докрај ќе ги испочитува сите договори со странските инвеститори што се во тек, со заемно почитување на обврските“, стои во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија велат дека новиот план за економски пораст обезбедува стабилна бизнис-клима за трајни и долгорочни инвестиции, а новите мерки за привлекување странски и домашни инвестиции предизвикуваат заинтересираност и ентузијазам кај инвеститорите.

„ВМРО-ДПМНЕ и Данев очигледно се уплашени од изборниот пораз и видно вознемирени од соочување со одговорноста за сомнителното трошење на 225 милиони евра народни пари што Никола Груевски и неговите соработници го правеа 10 години во бесцелни и економски неиздржани политики за наводно привлекување странски инвестиции“, додаваат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...