fbpx

Квалитетот на пченицата и на брашното, најголема закана за индустријата

-

Со квалитетни брашно и пченица, мелничко-пекарската индустрија ќе стане поконкурентна во однос на увозот од странство. На месечно ниво се потребни 30 тони пченица, од кои 60 процнети е увозна пченица, а 40 проценти домашна откупена пченица.

– Најголема опасност за мелниците во Македонија е нивната неконкурентност или неможност да конкурираат со цените на брашното од увоз, со што директно се загрозени и земјоделците. Причини за тоа се непазарните цени на домашната пченица, како и нејзиниот квалитет. Во одредени периоди во годината цената на увозната пченица се доближува многу блиску до цената на увозното брашно, што дополнително создава проблеми на мелничката индустрија – изјави Васко Ристоски од Стопанската комора.

Мелничарите предлагаат мерки за заштита на домашното производство, а една од нив е контрола на пуштање во промет на брашното од увоз преку контролните маркички или забрана за пуштање во промет на увозно брашно ако е поминат рокот од 30 дена.

– Да се спроведува донесениот правилник за квалитет на брашното при увоз. Владата да најде начин да ги субвенционира дополнително земјоделците или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач преку лиценцираниот откупувач по класите на квалитет. Со тоа нашата пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а исто така и мелниците би имале конкурентно брашно. Со тоа би се стопирал увозот на брашно, односно би се зголемил извозот – додаде Ристоски.

Во првиот квартал годинава, се увезени 12.000 тони брашно, што е за 2.500 тони повеќе за разлика од истиот период лани. Од друга страна, увозот на пченица се намалува, а мелниците мелат за 50 тони помалку.

На прес-конференцијата во Стопанската комора беше презентирана и првата и единствена акредитирана лабораторија во Македонија за испитување квалитет на брашно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...