fbpx

Кундерс: Да се смират тензиите и вербалната агресија и да се почитува мнозинството

-

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, денеска повика на смирување на тензиите и на почитување на парламентарното мнозинство во Македонија, но и ЕУ да покаже единство, јавува „Дојче веле“.

– Голема е загриженоста поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на тоа нештата да се одвиваат без вербална агресија. Тоа мора да биде решение донесено во самата Македонија. Отворени сме за понатамошно движење на Македонија кон ЕУ и кон НАТО, но ова мора да се реши на мирен начин – изјави Кундерс пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел.

Кундерс не сакаше да ги коментира позициите на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека е загрижен поради вербалната агресија во земјата.

– Сметам дека постои парламентарно мнозинство и дека Македонците треба да одлучат за тоа. Ние сме загрижени поради вербалната агресија во земјата. Мислам дека нештата мора да се решат на мирен начин и ги повикувам сите партии да го сторат тоа на мирен и на демократски начин – рече шефот на холандската дипломатија.

Кундерс од шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ побара единствен став кон кризата во Македонија.

– Важно е ЕУ да покаже единство во барањето Македонија да ги почитува демократските принципи, парламентарното мнозинство и мирното решение на кризата – додаде Кундерс.

На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија, високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ќе брифира за нејзината посета на земјите од Западниот Балкан. Пред почетокот на средбата, таа изјави дека ситуацијата на Западен Балкан е напната и дека ЕУ треба да покаже поголема посветеност на интеграцијата на овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...