fbpx

Културни работници бараат професионален театар во Кочани

-

Со список со потписи, дваесетина културни работници и уметници од Кочани и формално ја поддржаа иницијативата за основање на професионален театар во Кочани. Градот има државен аматерески фестивал, аматерска театарска сцена од која произлегле повеќе значајни имиња. На листата со потписи се актерот и пантомимичар Трајче Георгиев и ѕвездата на македонскиот филм „Исцелител“, Благој Веселинов.

На неформалната средба што се одржа изминатиот викенд, уметниците се согласија дека неопходно е да се возобнови некогашниот Народен театар во Кочани.

Дарко Јан Спасов, еден од поддржувачите на оваа идеја и актуелен претседател на Управниот одбор на Драмскиот аматерски фестивал, смета дека сега Кочани има историска шанса за културен исчекор.

– Убеден сум дека ќе успееме да го оствариме сонот на многу актери, режисери, мултимедијални работници кои работеле на сцената во Кочани. Ние и не размислуваме поинаку, затоа што како група ентузијасти веќе работиме на подготовка на премиерна претстава што ќе ја означи работата на новиот театар – вели Спасов.

Народниот театар, како професионален театар во Кочани работеше само од 1951 до 1959 година, раководен од еден од најпознатите културни дејци на Кочани, Борис Стојчев.

Општината Кочани, по прифаќањето на иницијативата со одлуката од страна на Советот на Општина Кочани, документацијата веќе ја испрати до Министерството за култура.

Иницијативат доаѓа во време кога Министерството за култура прави нова институционални реорганизација, со цел намалување на трошоците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...