fbpx

Кулибали пред нападот во Париз бил во Мадрид

-

Францускиот терорист Амед Кулибали минал три дена во Мадрид пред минатонеделните напади во Париз, а шпанската полиција сега истражува дали таму имал поддршка од терористички ќелија, пишува шпанскиот весник „Ла вангардија“.

Кулибали престојувал во Мадрид од 30 декември до 2 јануари заедно со уште едно лице, чиј идентитет не е утврден, пишува весникот.

Шпанските власти заедно со своите колеги од Франција ги истражуваат активностите на Кулибали во Шпанија за да се утврди дали имале поддршка од терористичка ќелија од земјата.

Амед Кулибали на 9 јануари уби четири заложници во еврејски супермаркет во Париз. Тој, исто така, е одговорен за убиството на полицајка во Монруж.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...