fbpx

Се уредува Куќата на Робевци во Охрид

-

Министерството за култура преку Завод и музеј од Охрид, изврши комплетна санација на фасадата на најпознатиот објект во стилот на старата градска архитектура во Охрид – Куќата на Робевци.

Беше променета целата надворешна столарија и беше реконструирана покривната конструкција. Во моментов, работите продолжуваат со уредување на ентериерот на репрезентативниот објект на охридската староградска архитектура.

Со проектот, за чија реализација од буџетот на Министерството за култура се издвоени три милиони денари, се врши комплетно осовременување на ентериерот и градежни интервенции во внатрешноста на објектот.

Куќата на Робевци ќе биде заокружена во три целосни комплексни поставки: етнолошка, археолошка и уметничка, во кои ќе биде изложено вредно културното наследство.

На приземјето, во две одвоени простории, се наоѓа најатрактивната галерија за организирање ликовни изложби во Охрид.

Планирано е на влезот во објектот да биде изведен нов пулт за продажба на влезници и на сувенири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...