fbpx

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

-

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан.

– Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето на својата работа. Имаше одредени критики за неговата работа, поради што испративме порака да работи во согласност со Договорот од Пржино, односно делот за СЈО – рече Кукан, одговарајќи на прашањето на „Мета“, како ја коментира блокадата на работата на СЈО.

Во однос на продолжувањето на мандатот на СЈО, европратеникот не гледа причина за такво нешто.

– Тоа што е договорено со Договорот од Пржино треба да се спроведе. СЈО доби одреден мандат и засега не гледам причина за продолжување – вели Кукан.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент истакна дека време е да се стави крај на политичката криза во Македонија со фер и деморатски избори, кои ќе бидат прифатени од сите. Тој рече дека по изборите би требало да се отвори пат за враќање на земјата на патот за интегрирање во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...