fbpx

„Кучињата се пуштени“: Новинарите во Србија предупредуваат на враќање на деведесетите

-

Насловната страница на новиот број на „Илустрована политика“ со написот „Кучињата се пуштени“ и уште неколку други текстови во кои се напаѓаат медиумите кои ја критикуваат актуелната српска власт предизвика бурни реакции од новинарските здруженија во Србија и во странство, кои предупредуваат дека станува збор за класичен повик за линч и враќање на деведесетите, а се огласи и амбасадата на САД во Србија.

После бурата во јавноста која траеше неколку дена, пишувањето на „Илустрована политика“ денеска го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На новинарско прашање тој рече дека „тоа не е јавен дискурс каков што сака Србија“ и изрази надеж дека нема да се повтори, бар не во медиумите во чие сопствеништво удел има и државата, но не пропушти прилика повторно да ги прозве медиумите кои се спомнуваат во спорниот текст и кои шефот на државата ги обвинува дека водат кампања против него.

Со насловна на која пишува „Кучињата се пуштени“ и фотографија од куче кое покажува заби и весници во заднината, „Илустрована политика“ објави и текст со наслов „Четири отсто од населението ја напаѓа државата преку медиумите кои не се грижат за тиражот туку за бакшиш“. Во текстот се напаѓаат медиумите кои, по оценка на авторот, ја омаловажуваат политиката на актуелната српска власт.

Посебно застрашувачко, новинарите и здруженијата го доживеаја фактот што станува збор за медиум во државна сопственост и што автор на текстот е Ѓорѓе Мартиќ кој беше уредник на „Политка експрес“, кога во екот на НАТО бомбардирањата, објавен е коментар за новинарот Славко Чурувија („Чурувија ги дочека бомбите“) кој беше убиен пет ден потоа.

„Текстот е опасен затоа што на новинарите им црта мета, затоа што државата останува нема на тоа, затоа што се гледа ракописот на деведесетите години“, оценува порталот „Инсајдер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...