Кинескиот произведувач „Ксиаоми“ ја зголеми пазарната вредност за 1,1 милијарда на 45 милијарди долари, со што направи нов распоред на листата на титани во ОТ-светот.
Со последниот успех, „Ксиаоми“ се најде на третата позиција во секторот на нови технологија, веднаш зад „Самсунг“ и зад „Епл“, соопштија од компанијата.
Меѓу инвеститорите на оваа кинеска компанија се појавуваат фондот „Ол-старс инвестмент“, „Ди-Ес-Ти“, „Џи-Ај-Си“, фондот „Хопу“ и „Јунфенг капитал“.
Со пазарна вредност од 45 милијарди долари, „Ксиаоми“ сега е речиси трипати повредна компанија од „Леново“, најголемиот светски произведувач на персонални компјутери.