fbpx

Крстаноски: Охридско Езеро не смее да се користи за производство на струја

-

Откако медиумите алармираа за нискиот водостој на Охридско Езеро, надлежните презедоа мерки и состојбата малку се подобри. Републичкиот хидро-метеоролошки завод, пак, секој ден лиферува соопштенија за тоа колку се зголемило нивото на водата, откако на браната на истекот во Црн Дрим, беа подигнати дрвените препреки.

Професорот Здравко Крстаноски, долгогодишен прв човек на Хидро-биолошкиот завод во Охрид, за „Мета“ појаснува дека треба да се престане со ваквите импровизации и со неодговорниот однос.

– Единствено решение е да се изгради софистициран регулаторен ситем на истекот на езерото преку Дрим за ЕЛЕМ да не манипулира со поставените талпи како „регулатори“ и во секој момент по желба ги отстарнува или да ги поставува. На тој начин се создаваат неприродни осцилации на езерото – вели Крстаноски.

Со ваквиот начин на постапување, предупредува тој, штетите се огромни.

– Доаѓа до кристализација на фрескоживописот во крајбрежните цркви, умирање на растителниот и на животински свет, опаѓа квалитетот на езерската вода, а можни се и други негативни последици. Ова езеро, со севкупната негова универзалност, не заслужува да биде акумулација за производство на електрична струја. Меѓутоа, бидејќи веќе се користи и за таа намена, тогаш да го направиме тоа на еден стручен, научен, цивилизиран пристап – предупредува Крстаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...