fbpx

Кризата во Украина и во Сирија, ИД и Трамп во фокусот на средбата меѓу Обама и Меркел

-

Кризата во Украина и во Сирија, борбата против Исламска држава, трансатланската трговија и исходот од претседателските избори во САД, биле главни теми на денешната средба меѓу американскиот претседател, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, соопштија тие на заедничката прес-коференција по средбата.

Американскиот претседател се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување.

Обама за Меркел рече дека е „најверојатно неговиот најдобар и најблизок меѓународен партнер“ и истакна дека „Европската Унија е едно од најголемите политички достигнувања во политиката“.

Германската канцеларка истакна дека за Германија сојузништвото со САД е од посебен интерес, посочувајќи дека официјален Берлин е подготвен да го зголеми својот финансиски удел во НАТО. Со ова таа одговори на критиките на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој обвини поголем дел од членките на алијансата дека не ја издвојуваат договорената сума од 2 отсто од националниот БДП за НАТО.

Обама во своето обраќање го повика својот наследник да ѝ се спротивстави на Русија доколку таа отстапи од вредностите и од меѓународните норми на САД, додавајќи оти се надева дека новоизбраниот претседател ќе има соодветен пристап во односите со Москва.

Тој нагласи дека добил цврсти уверувања од Трамп дека ќе остане целосно посветен на НАТО.

Обама допатува во Германија од Грција, а утре заедно со Меркел е предвидено да има средба со лидерите на Франција, Италија, Шпанија и на Велика Британија за да разговараат за трансатлантските врски по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Обама своето последно надворешно-политичко патување ќе го заврши во Перу, каде ќе учествува на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...