fbpx

Кризата допрва може да ги погоди текстилната и металната индустрија

-

Текстилната и металната индустрија не се под директно влијание на политичката и безбедносната криза. Според познавачите на состојбите, работата на компаниите од овие сектори најмногу зависи од надворешните фактори, односно од европскиот пазар и од геополитичките случувања таму.

Претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска, смета дека кризата може да повлијае на новите соработки и на отворањето нови можности, додека постојаните партнери се навикнати на случувањата во државата.

– Постојаните партнери што ги имаме од Германија и од Холандија, се навикнати на цикличните случувања во земјата, кои ни се повторуваат на секои три години. Тие соработуваа со нас и во 2001 година и не гледам причина зошто сега би откажале. Но, сè она што значи нова можност или нова соработка е ставено под знак прашање – вели Перковска.

Според неа, она што сериозно може да повлијае се безбедносните случувања во Куманово, кои доколку не се повторат, за кратко време ќе дојде до закрепнување.

– Овој период има помал број налози бидејќи влијание имаа и случувањата со рускиот пазар. Голем дел од нашите производи преку холандските и германските компании, завршуваа во Русија – смета таа.

Претседателот на Здружението на металурзи, Митко Кочовски, вели дека челичарниците не се директно подложни на политичката криза, иако индиректни влијанија има, како и во сè друго. Тоа што најмногу влијае на нивната работа е кризата која ја зафати Европа од 2008 година, што предизвика дисконтинуитет во нарачките.

– Челичарниците овде се дел од меѓународни компании и при работата, главно, следиме корпоративни планови. Не сме зависни од локалниот политички амбиент, иако индиректно, секако, има влијание. Кризата во Европа предизвикува да немаме нарачки во континуитет и затоа за овие седум години работиме во специјални услови. Се трудиме да не запре производството, што беше случај со голем број челичарници во Европа. Намалениот обем на нарачки повлекува несигурен производствен план и предвидувања на режимот за работа. Тоа значи работиме со кампањско производство, исклучување и вклучување на печките, така што нарачките во споредба до 2008  година се преполовени – изјави Кочовски за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...