fbpx

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

-

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот.

Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во посета на првостепениот суд, утврдиле дека најчестите причини поради кои се одлагаат главните расправи во овие предмети било неприсуството на обвинетите и на нивните бранители, како и отсуството на јавниот обвинител, вештаци и сведоци за кои судот оценил дека треба да бидат сослушани на главната расправа.

„Во дел од предметите констатирано е дека доаѓа до одолжување на постапката бидејќи до судот навреме не се доставуаат вештачења од институциите, а во дел, главните расправи се одлагаат бидејќи од Казнено-поправната установа „Идризово“ и од Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ не се спроведуваат обвинетите по испратени наредби од страна на судот, како и непостапување на надлежните државни органи за спроведување на наредбите за приведување на обвинетите од пријавените адреси на кои живеат“, се наведува во соопштението на судот.

krivicen sud stari nereseni predmeti

Апелациските судии при посетата на Основниот суд Скопеј 1 утврдиле дека поголем дел од предметите што од претходно биле евидентирани како стари предмети, веќе се правосилно завршени, а некои од нив се во жалбена постапка.

„При повторното постапување по предметите кои во жалбена постапка биле укинати, Апелациониот суд констатирал дека судиите од Кривичниот суд ги преземаат потребните дејства во согласност со укажувањата на второстепениот суд“, велат од судот.

Оттаму додаваат дека судиите забрзано работат на решавање на старите предмети, за да не дојде до нивно застарување и најавуваат дека до крајот на оваа година или почетокот на следната сите стари предмети треба да бидат решени со првостепена пресуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...