fbpx

Кривичниот суд бара уште докази од СЈО за уништувањето на опремата за прислушување

-

Основен суд Скопје 1 информира дека судијата ги вратил доставените докази против Г.Г. и други лица осомничени за кривично дело фалсификување на службена исправа, поднесени од Специјално јавно обвинителство.

„Во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка, врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот“, информираат од судот.

Специјалното јавно обвинителство минатата недела ги поднесе првите две обвиненија. Како што образложи обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, едното е за уништување на документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а другото за насилствата пред Општина Центар, кои се случија во јуни 2013 година.

Како што појасни обвинителката, документите биле уништувани без никаква процедура.

– Во овој случај, има вкупно седум обвинети. Обвинетите, спротивно на сите закони, ги запалиле списите на локација што им била посочена од првообвинетиот. Уништени се и списи поврзани со работењето на системите за следење на комуникацијата – посочи Фетаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...