fbpx

Кривичниот совет за 48 часа треба да одлучи дали Кочан ќе оди во притвор

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 48 часа треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан или пак тој ќе се брани од слобода.

Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на денешното рочиште ги изнеле аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција.
Одбраната на Кочан, предводена од адвокатот Никола Додевски истакнала дека гаранцијата е легитимна и оти тоа е пракса на сите демократски држави, поради што СЈО нема причина повторно да бара притвор.

Кривичниот совет сега има рок од 48 часа да одговори на жалбата на СЈО за укинувањето на притворот на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“.

Судијата на претходна постапка во четвртокот донесе одлука на Кочан да не му биде одреден притвор, туку тој да се брани од слобода со гаранција од околу 900.000 евра, да му биде одземен пасошот и обврска еднаш неделно да се јавува во судот. Кочан повеќе од ддва месеци не беше достапен за органите на прогонот, а се врати во Македонија веднаш по укинувањето на потерниците и на притворот.

Кривичниот суд по втор пат одлучува за притворот на Кочан, бидејќи претходните одлуки на судот и на Апелацискиот суд, со кои му беше одреден притвор на бизнисменот, беа укинати од Врховниот суд и предметот беше вратен на повторно одлучување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...