fbpx

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“.

Освен одземање на пасошите, СЈО бараше од судот на двете осомничени лица да им биде наложено и еднаш во неделата да се јавуваат кај службено лице. Судот ги одби и двете мерки на претпазливост што ги бараше СЈО.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) изјавена против решение на судија на претходна постапка од 28 октоври 2016 година во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка“, соопшти денеска Кривичниот суд.

Министерката за култура е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Канческа-Милевска, по распитот на 28 октомври, изјави дека „станува збор за чист политички театар организиран од Социјалдемократскиот сојуз, а во кој учествува Специјалното јавно обвинителство, како поддршка за оваа партија во предизборниот период“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...