fbpx

Кривични пријави против 10 лица и една фирма за малверизации со набавка и со превоз на дрва

-

Велешката полиција, за два одвоени случаи, до надлежните обвинителства поднела три кривичи пријави против 10 лица и една фирма за несовесно работење, кражба и за други кривични дела, а во врска со набавка и со превоз на огревни дрва, соопшти МВР.

Кривични пријави се поднесени против две физички лица, осуммина вработени во јавното претпријатие „Македонски шуми“ и против една фирма.

Во првиот случај, криминалистичката полиција во Велес поднела кривични пријави против две лица од селото Долно Јаболчиште и фирмата „Шпенди компани“ од истото село, кои се товарат за даночно затајување, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување на службена исправа и за кражба на дрва.

Осомничените, според пријавата, во текот на 2014 година, во службената евиденција што ја водат, односно испратници задолжени од Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство, на првиот примерок кој е за странката, го впишувале вистинското количество дрва за огрев што го продаваат, додека на останатите примероци, кои се наменети за книговодството, наведувале количества од еден до два кубни метри.

Тие вметнувале невистинити податоци за да избегнат плаќање данок и други придонеси, како и да ја прикријат сторената кражба на дрва.

Осомничените стекнале противправна имотна корист во износ од 1.138.082 денари, односно затаиле данок во износ од околу 174.000 денари, информираат од МВР.

Во вторниот случај, кривични пријави се поднесени против тројца вработени во подружницата „Бор“ на „Македонски шуми“, кои се осомничени за несовесно работење во службата. Тие, во текот на минатата година, со несовесно работење предизвикале финансиски кусок во работењето на шусмката стопанска единица „Клиново 2“ за сума од околу 169.000 денари.

Кривични пријави се поднесени против уште петмина кавадарчани, вработени во „Македонски шуми“, кои исто така се товарат за несовесно работење во службата бидејќи лани предизвикале финансиски кусок во работењето на шумската стопанска единица „Кожув 2“ од околу 266.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...