fbpx

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик.

Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи премиерот и тројцата министри во моментов истовремено ја извршуваат и функцијата пратеник во Собранието и функцијата министер.

– Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Во ваков случај, министерствата не остануваат без раководно лице, бидејќи должноста на министерот ја презема заменик-министерот – изјави Шилегов на прес-конференција.

Тој додаде дека „наведените членови на ВМРО-ДПМНЕ смислено и во континуитет од денот на верификација на мандатите за пратеници во Собранието на РМ, парарелно ја вршат и функцијата министер“ и „со таквото однесување ја злоупотребуваат својата службена положба и овластување“.

– СДСМ како одговорна партија, која се грижи за доследно спроведување на законите во РМ, поднесува соодветни кривични пријави против наведените лица и очекуваме брза и ефикасна реакција од надлежното обвинителство – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...