fbpx

Кривична за Македонци кои илегално превезувале мигранти

-

Изминатата недела, во три одвоени случаи на илегално превезување мигранти, регионалниот центар за границата Југ, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29) од село Ваксинце, А.Д.(21) од село Лојане, Кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, Скопско, поради сомневање дека илегално превезувале мигранти.

Истовремено во овие активности откриени се 31 илегален мигрант од кои 18 од Авганистан, 11 од Сирија и двајца од Бангладеш. За тројца од пријавените, Е.Н., Х.А. и А.Д., од страна на судија во претходна постапка им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а на Ќ.А. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Имено, во првиот случај, тројцата пријавени, Е.Н., Х.А. и А.Д., на почетокот на месецов, односно на 2 ноември, околу 19.30 часот, на регионалниот пат Валандово – Богданци, во близина на браната кај село Паљурци, прифатиле 20 илегални мигранти (18 од Авганистан и двајца од Бангладеш), коишто потоа ги качиле во товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички. Возилото го управувал Е.Н., кој за превозот требало да добие 1.200 евра, додека Х.А. и А.Д. со автомобил „шевролет крузе“, исто така со скопски регистарски таблички, во својство на претходница или „чистачи“, се движеле пред камионот, во правец кон Куманово.

При полициска контрола, во близина на клучката на влез во Радовиш, првопријавениот, наместо да го сопре камионот, продолжил да се движи по спореден земјен пат во правец кон Штип, но набргу сопрел, излегол од камионот и се дал во бегство, по што бил стигнат и приведен.  Х.А. и А.Д., пак, се сопрени од полициски службеници кај местото Ињево, по што се приведени.

Во вториот случај, пријавената Ј.Л., исто така  на 2 ноември, прифатила шест лица од Сирија, меѓу кои и лице кое, наводно, го познавала од Грција, каде што заедно работеле во оранжерии. Лицата ги сместила во хотел во Велес (во три двокреветни соби), гарантирајќи за нив дека не се илегални мигранти и доставувајќи своја патна исправа за нивно пријавување во хотелот.

И во третиот случај Ќ.А., во близина на Гевгелија, прифатил петмина сириски илегални мигранти со намера да ги донесе до Куманово и тоа со возило „фолксваген голф 4“ со странски регистарски ознаки. Набргу по преземањето на мигрантите, УПС од ПС за БПСА Демир Капија и УПС од ПС за ГН Михајлово, на автопатот во правец Гевгелија – Скопје кај Неготино, се обиделе да го сопрат возилото, кое наместо да застане на дадениот знак  продолжило да се движи.

Меѓутоа, по неколку метри, сите лица од возилото излегле од него и почнале да бегаат, а возилото неконтролирано почнало да се враќа наназад, при што било сопрено од полициски службеник пред да предизвика сообраќајна несреќа. Набргу се фатени сите лица од возилото (петте сириски и македонскиот државјанин Ќ.А.).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...