fbpx

Кривична за светиниколец кој фалсификувал пари

-

Четириесет и шестгодишен жител на Свети Николе е осомничен дека минатиот месец на вработена во продавница ù подметнал фалсификувана банкнота од 200 евра.

Како што информираат од полицијата, осомничениот С.В. кон средината на септември, отишол во продавница во селото Пеширово и побарал од вработената да му замени 200 евра во денари. Таа отпрвин не забележала дека станува збор за фалсификат и му дала 12.200 денари, но наредниот ден решила валидноста на банкнотата да ја провери во банка. Оттаму потврдиле дека се работи за лажна банкнота и случајот веднаш бил пријавен во полиција.

По расчистувањето на случајот, против С.В. е поднесена кривична пријава за фалсификување пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...