fbpx

Кривична пријава за стечаен управник од Куманово

-

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н. (51) од Куманово, поранешен стечаен управник на АД ЗИК „Сточарство и преработка“ увоз-извоз Куманово, за злоупотреба на службена положба и овластување и за фалсификување или уништување деловни книги.

Пријавениот на почетокот од 2006 година, за да стекне противправна имотна корист, ги пречекорил своите службени овластувања така што по претходно донесена одлука од Собранието на доверители и решение од Основен суд Куманово за продажба на имот и средства од Акционерското друштво е извршена продажба на имот и средства во износ од 68.000 денари.

Од овие парични средства биле исплатени награда за стечајниот управник, персонален данок, плати за вработените и други давачки, а преостанатиот износ од 1.719.123 денари пријавениот противправно ги задржал за себе, при тоа уништувајќи ја целата книговодствена документација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...