fbpx

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

-

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“.

Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а му биле и одземени предмети за вештачење.

По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава, велат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, порачувајќи им на граѓаните вакви и слични случаи да  пријавуваат во најблиската полициска станица или на мејлот/адресата [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...