fbpx

Кривична пријава за маж што „расклатил“ столбови на далновод

-

Жител на селото Голем Папрадник, Дебарско, доби кривична пријава за предизвикување општа опасност, бидејќи копал околу два бетонски столба на далновод и ја нарушил нивната стабилност.

Полициската станица од Дебар го товари 69-годишниот Д.Д. дека во изминатите месеци, кај местото Парешки кории, во близина на селото Баланци, неовластено извршил ископ околу два бетонски столба за пренос на електрична енергија од 10-киловолтен далновод, од кој со електрична енергија се напојуваат општина Центар Жупа, неколку индустриски капацитети, како и селата во регионот.

Со тоа, вели полицијата, пријавениот значително ја нарушил стабилноста на бетонските столбови, со што можел да го доведе во опасност и нормалното снабдување со електрична енергија на корисниците во целиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...