fbpx

Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева

-

Скопското јавно обвинителство потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон, објави телевизија „Телма“.

Против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава во Обвинителството за организиран криминал заради незаконско влијание врз сведоци.

Кривичните пријави се процесуирани кај обвинителите што ќе работат на овие случаи. Од обвинителството не го откриваат идентитетот на подносителот на пријавите, само велат дека станува збор за физичко лице.

Неофицијално, подносителот на пријавата бил малтретиран од непознати кои му се претставувале како истражители во Специјалното обвинителство, но и му се заканувале.

Јанева в понеделник пред Советот на обвинители треба да образложи дали е направен записник при примањето на материјалите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.